| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Аким од Замунда доаѓа во Македонија да го одликува Зоран Заев

Кралските семејства воодушевени од Зоран Заев, се јави огромен интерес за одликување на македонскиот премиер. Веќе во среда ни доаѓа принцот Аким од Замунда, кој ќе го одликува Заев со највисокиот државен орден на Кралството Замунда.

Делегацијата на Кралството Замунда предводена од принцот Аким свечено ќе биде пречекана на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и на платото пред Владата на Република Македонија, каде ќе ги пречека лично премиерот Зоран Заев. Веднаш после воведните изјави ќе биде одржана и свечена церемонија на која Заев ќе биде одликуван од принцот.

Имено Неговото величество, Кралот Џофер на Замунда бил воодушевен од строгоста, самоувереноста и хуморот на стенд ап настапите на премиерот Заев за време на референдумската кампања, и токму затоа се решил дека Заев мора што побрзо да биде одликуван и од неговото кралство, пред тоа да го стори некој друг.

Но, поради староста кралот избегнува да патува, затоа тоа тој ни го испраќа неговиот единствен син и наследник принцот Аким кој бил пресреќен што му се укажуваа оваа можност да го запознае и да го одликува најпознатиот светски премиер.

После одликувањето кое македонскиот премиер Зоран Заев го доби од несудениот принц на Црна Гора, Стефан Чернетиќ, кај кралските семејства ширум Светот се јави голем интерес кој следен ќе го одликува Зоран Заев. Токму затоа се случува оваа брза и неочекувана посета на делегацијата од Замунда.

Од Владата ја потврдија посетата и под полна пареа и напорно работат во подготовките за пречек на замундскиот принц, а посебен тим бил ангажиран да го скрои и знамето на Замунда за да не се повтори грешката со Австрија.

Принцот Аким посетата на земјава ќе ја заврши со средбите со министрите Шекеринска и Димитров и веднаш потоа се очекува да отпатува назад за Замунда.

Пиперка Ајварка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top