Ја прелажал Памела Андеросон, па нема да го насамари Зоран Заев. Вака некако со малку зборови, а крајно прецизно би можеле да ја опишеме средбата на премиерот Зоран Заев со самопрогласениот принц на Црна Гора и Македонија, Стефан Чернетиќ.
Всушност, би можеле сешто да напишеме во врска со нивната средба, на пример дека нашло лонче поклопче, дека врана на врана не ѝ копа очи, алваџија за бозаџија…, но и покрај желбата си ја објасниме средбата на премиерот на Република Македонија и принцот што го делиме со Црна Гора, многу прашања остануваат да не мачат.
Ќе почнеме од почеток.
Стефан Чернетиќ, човекот познат како лажниот принц на Црна Гора и Македонија, на својот фејсбук профил објави фотографии како му доделува орден на премиерот Зоран Заев. Чернетиќ објавил дека на 15 септември (убав ден за лажење), во саботата, имал средба со премиерот во зградата на Владата. Тој објавил и фотографии од пред зградата на Владата и напишал: „Бевме љубезно поканети оваа недела во Скопје за да дискутираме за дипломатски проекти во Палатата на Владата. Македонија расте толку бргу и е одлична прилика за инвеститори, туризам и бизнисмени“.
Забуната овојпат ја пласира Владата. На нашите прашања, пет, портпаролот на Владата кусо ни одговори „Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев има остварено неофицијална средба од неформален карактер со лицето Стефан Цернетиќ, во рамки на неговите средби и контакти со заинтересирани граѓани“.
Она што не мачи е КОЈ бил заинтересиран за средбата од чуден дипломагтско-неформален вид? Принцот вели дека бил поканет, а вистина, непоканет гостин зад врата стои, а портаролот вели дека лицето Принц на Црна Горан и Македонија било „заинтересиран граѓанин“.
Рака на срце, принцов е лажен, ама и премиеров не е многу за верување…
Уште средбата се одржала на 15 септември (убав датум за лажење), во Владата, во екот на кампањата за референдумот, или уште попрецизно еден ден пред одржувањето на големиот собир во Скопје. Мора да бил вундеркинд овој нашиов, а и службите спреми како пушка. А можеби и не им се видел голем митингов… Којзнае кој се заинтересиран не ќе поминеше низ кабинетот на премиерот во Владата да беше послободен, да немаше референдум, за две недели, на пример. Јавно го прашуваме премиерот дали до крајот на месецот би не’ примил и нас, доколку се заинтересираме да се видиме со него, на пример. И орден ќе му дадеме.
Кого лаже Чернетиќ?
Чернетиќ, како што може да се види од неговиот фејсбук профил, со своето семејство, сопругата и синот, е во посета на Македонија. Сопругата на Чернетиќ е Гркинка, па си рековме можеби е тоа битно да го спомнеме во текстов.
Чернетиќ цели шест години успешно лажел дека е принц на Црна Гора и Македонија, а всушност е новинар и гастрономски критичар.
Тој тврдел дека доаѓа од лозата Чернетиќ и дека покрај Црна Гора и Македонија има задолженија и во Србија, Албанија, Војводина, но и во Константинопол, Романија и во Грција.
На Фејсбук поставувал фотографии од писма од Доналд Трамп, како и часовник што наводно е подарок од Владимир Путин. Исто така велел дека е сопственик на голем број недвижни имоти во државите каде неговото семејство владеело.
Лани, лажниот принц беше уапсен во Италија поради тоа што во едно елитно одморалиште во Фусини, „принцот” направил огромна сметка, која менаџерот потоа ја проследил во Амбасадата на Македонија во Италија. Оттаму пристигнал одговор дека „ние немаме принц, а сигурно не го делиме со Црна Гора”.
Стефан Чернетиќ, прогласувајќи се самиот за принц, успеал да измами градоначалници, свештени лица, кралеви, а една од жртвите била и Памела Андерсон. Таа веднаш се пофалила за средбата со него на социјалните мрежи. Зоран Заев, за малку не се излизга, но и неговите фотографии завршија на интернет, па не е многу поразличен од лековерната Памела, која си намигнала со принцот на Црна Гора и Македонија.
Со помош на лажниот идентитет, успеал да влезе во светот на елитата, со познатите и богатите. Присуствувал на елитни забави, гала- настани како и спортски случувања како што се трките на Формула 1 во Монако.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст