Министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, вчера имал жешко „добредојде“ од македонските иселеници во Италија за време на неговата посета на Пјаченца, каде што го пречекале припадници на движењето #Бојкотирам. Со транспаренти со пораки за бојкот на претстојниот референдум, Македонците на Адеми му го изразиле своето незадоволство од договорот потпишан од Преспа за преименување на нивната татковина во Северна Македонија.
Блиската средба на двете страни со спротивни ставови за иднината на Македонија ја потврди и за неа извести и онлајн-дневникот „Ил Пјаченца“, а за непријатната атмосфера пишуваат на социјалните мрежи и учесници на настанот.
– Пред палатата ‘Фарнезе’ група Македонци ги оспорија посетата на министерот Адеми и референдумот на 30 септември. „Ова е нелегитимна влада“, извикуваа присутните со знамиња и транспаренти. Протестот е против референдумот за промена на името на Република Македонија, закажан од оваа Влада, објави „Ил Пјаченца“, употребувајќи го уставното име на македонската држава.
Адеми, пак, на својот профил на „Фејсбук“ го минимизира тој дел од својата посета на Италија, тврдејќи дека станува збор само за неколкумина, на кои им го расипал филмот со тоа што не побегнал!
– Денот не можеше да заврши подобро. Во Пјаченца протестираа неколкумина членови кои бојкотираат. Мислеа ќе побегнам. Ама не, јас не бегам. Тука сум. Знам, ви го расипав филмот. Горд на она што го работам како министер и горд што сум дел од оваа Влада, која што ги отвора ширум вратите за просперитетна европска Македонија. И за тие што бојкотираат ;), напиша Адеми.
Покрај со иселеници Македонци, тој се сретнал и со Албанци со потекло од Македонија, претежно од тетовскиот крај, во местото Дарфо во регионот на Бреша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст