| четврток, 6 декември 2018 |

Нови банкноти од 100 и 200 евра ќе бидат пуштени во промет следната година

Нови банкноти од 100 и 200 евра треба да бидат пуштени во промет од 28 мај следната година, објави денеска Европската централна банка (ЕЦБ).

Изгледот на новите банкноти ќе биде прикажан денеска попладне, соопшти ЕЦБ преку Твитер.

Новите банкноти ќе бидат многу тешки за фалсификување. ЕЦБ веќе објави подобрени банкноти во апоени од пет, 10, 20 и 50 евра. Банкнотата од 500 евра повеќе нема да се печати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top