| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов: Ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во високата зона во Аеродром Кликни тука за повеќе: Шилегов: Ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во високата зона во Аеродром

– Екипи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“- Скопје ја почнаа реконструкцијата на дел од водоводната цевка со пречник од 400 милиметри, односно поставување нова цевка во делот од булеварот „Србија“ во Кисела Вода, од „Енерго систем“ до пред кружниот тек за влез во Цементарница Усје АД Скопје во должиина од 450 метри.

Со поставувањето на оваа нова линија ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во високата зона во Аеродром и ќе се намали бројот на дефекти кои во минатото се појавуваа доста често на овој потег. За таа цел денеска увид во градежните работи работи извршија градоначалниците на Скопје и на Аеродром, Петре Шилегов и Златко Марин и директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски.

– Непланскиот развој на оваа општина и нејзината нагла урбанизација за жал не ја следеше и изгрдаба на соодветна инфрсатруктура. Токму поради тоа во изминатиот период граѓаните на општина Аеродром и дел од Кисела Вода имаа проблем со водоснабдувањето. При градежните работи на кружниот тек на улицата „Христо Татарчев“ ја изведуваме и оваа цевка со пречник од 400 милиметри, која всушност врши водоснабдување на општините Аеродром и Кисела Вода со што во целост очекуваме да се надмине проблемот со прекин на вода во високите зони во општина Аеродром, рече Шилегов.

Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“, како што рече, се грижат за вистинските интереси на нашите сограѓани. Најави дека ќе продолжат и понатаму парите од даноци и комуналии кои ги даваат граѓаните да ги употребуваат за решавање на клучните проблеми во нашиот град.

– Граѓаните беа запоставувани во изминатиот период поради несоодветно трошење на нивните пари. Во Скопје во 21 век токму поради ваквата неплански равој се соочуваме со вакви комунални проблеми. Само одговорно планирање, само урбанизација на градот со добар план подразбира дека ќе можеме во иднина да ги спречиме проблемите за да можеме да го обезбедиме нормалното функционирање на граѓаните. Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Весковски информира дека досега се поставени 180 метри нова цевка, а диманиката со која се работи е 30 метри дневно.

– Според нашите проекции, до 25 септември би требало комплетно да биде завршен целиот зафат и да биде пуштена вода по новата линија. Вкупната инвестиција изнесува шест милиони денари, кои ги инвестира ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, рече Весковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top