| четврток, 6 декември 2018 |

Актерката Ирена Ристиќ приведена поради дрско однесување, одбивала да направи алкотест

Ноќеска околу 01 часот на булевар „Илинден“ во Скопје, во близина на Влада на Република Македонија, актерката Ирена Ристиќ (43) од Охрид и В.Р. (32) од Скопје, го нарушиле Јавниот ред и мир на тој начин што викале на висок тон и дрско и непристојно се однесувале, информираат денеска од МВР откако Ристиќ на својот ФБ профил објави деќа ноќеска била приведена.

– Двајца полициски службеници им се доближиле и ги предупредиле за нивното однесување. Во тој момент, лицата почнале да ги омаловажуваат и навредуваат полициските службеници. И.Р. и В.Р. биле приведени во Полициската станица Центар за понатамошна постапка, поради сторени прекршоци против јавниот ред и мир. Кај лицето В.Р. (32) било утврдено дека е под дејство на алкохол, после извршено алкотестирање, велат од министерството.

Како што наведуваат во соопштението на МВР, Ристиќ одбивала да и биде извршено алкотестирање и поради тоа била однесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да и биде земена крв и урина за анализа за присуство на алкохол. Таа, исто така, одбила да даде крв, по што била однесена во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје, со цел добивање на мислење од стручно лице врз основа на надворешните манифестации и симптоми на лицето. После тоа, И.Р. била вратена во Полициската станица Центар и во 04.30 часот била ослободена.

Актерката Ирена Ристиќ била приведена околу полноќ во ПС Беко, поради наводна алкохолизирана состојба. Откако поминала повеќе од четири часа во полициска станица и во психијатриската болница Бардовци, утринава во 4.30 часот била пуштена на слобода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top