| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов за вмровците „ЗА“: Ова им го прават за да ги понижат, за да лижат каде што плукале

Александар Пандов, кој повикува на бојкот на референдумот ги коментира изјавите на Митко Јанчеви и Никола Тодоров дека ќе гласаат „ЗА“ на референдумот.

„Клиентиве на СЈО, еден по еден ги вадат по медиумите дека биле за. Јасно им е на Заев и Шеќеринска дека тие нема да им помогнат, до толку повеќе, со оглед на нивниот негативен имиџ во јавноста и ќе им одмогнат. Ова им го прават единствено да ги понижат, принудувајќи ги да го лижат она на што до вчера плукале. Многу бедно и одвратно. Затоа Македонија е #Бојкотирам“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top