Македонија се најде на 80. место на Глобалниот индекс на човечки развој што го објави Обединети Нации, со што нашата земја е последна на Балканот, а во Европа од нас полоши се само Ерменија (83), Украина (88) и Молдавија (112) од вкупно евидентирани 189 земји.
Во нашата земја животниот век е 75,9 години, што е подобро во однос на некои балкански земји, но времето поминато во учење е 13,3 години, а просечниот годишен приход е 12.505 долари. Тоа ни носи 0,757 индексни поени и не става на делба на 80-та позиција заедно со Либан и Азербејџан.
БиХ е на 77 место со помал приход од 11.716 долари, но поголем период во учењето (14,2 години) и поголем животен век (77,1).
Албанија и Србија се на 67, односно 66 место. Турција на 64, а Бугарија на 51-во. Црна Гора е на 50 позиција, а убедливо најдобра е Хрватска е убедливо најдобра на Балканот на 46 позиција. Хрватите имаат животен век од 77,8 години, учат 15 години и имаат дохопди од 22,162 долари годишно во просек.
На првите десет позиции се Норвешка, Шведска, Австралија, Ирска, Германија, Исланд, Хонг Конг, Шведска, Сингапур, Холандија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст