| четврток, 6 декември 2018 |

Седум лица починаа од предозираност на фестивал, петмина во кома

Седум лица починаа од прекумерена употреба на наркотици за време на музички фестивал во Виетнам.

Локалните медиуми јавуваат дека уште пет лица се во кома, по настанот што се одржа синоќа.

Државната телевизија наведе дека сите жртви имале позитивни тестови на дрога, но нема информации за кој вид дрога станува збор. Телевизијата јави дека полицијата запленила сомнителни супстанци на фестивалот.

Според податоците на владата на Виетнам, во земјата има 220 000 наркомани регистрирани во полиција, а годишно од дроги умираат околу 1 600 лица.

Најчесто се предозираат користејќи метамфетамин и хероин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top