Македонски железници од почетокот на октомври во целост ќе го укинат меѓународниот железнички сообраќај. Единствениот меѓународен воз „Хелас експрес“, кој во моментов сообраќа еднаш дневно кон Белград и Солун, ќе престане да сообраќа по 30 септември.
Ваквата информација може да се добие од меѓународната благајна на Железничката станица во Скопје, која што значи дека македонските патници ќе бидат оневозможени да излезат од државава со воз. Причината поради која што се укинува железничкиот сообраќај официјално не е објавена на веб – страницата на Македонски железници.
Како што се очекуваше, од 1 октомври до крајот на актуелниот возен ред нема да сообраќа возот на релација Скопје – Солун – Солун, за што е објавена потврда и на сајтот на Грчките железници.
Покрај кон оваа дестинација, од 1 октомври нема да може да се патува ниту кон Белград со воз. Ваквата информација официјално не е потврдена од Српските државни железници, но од Железничката станица во Скопје во моментов не можат да се купат билети за патување во октомври со постојниот воз, кој поаѓа секојдневно од нашиот главен град во 22:19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст