Европскиот гигант Реал Мадрид ќе има Македонец и во кошаркарскиот клуб и повторно се работи за многу талентиран младинец, 17-годишниот Андреј Магдевски. Српскиот портал „mvp.rs“, објави информација дека трансферот на Магдевски од Партизан во Реал Мадрид е веќе договорена работа. Одличниот плејмејкер, кој важи за еден од најдобрите млади македонски кошаркари, имаше одлична сезона во својата генерација во дресот на белградските „црно-бели“, но проблем претставува фактот дека тој сега според возраста би морал да настапува во јуниорската лига, а во неа право за игра имаат единствено српски кошаркари. Шансата ќе ја искористи Реал Мадрид, а Партизан соочен со проблемот одлучил да го дозволи трансферот на македонскиот кошаркарски бисер во „кралскиот“ клуб.
Магдевски ќе ги презентира своите квалитети на Европското првенство за играчи до 18 години, Б-дивизија што ќе се игра во Струмица од идниот викенд.
Покрај Магдевски, секако ако е точна информацијата на српскиот медиум , Реал Мадрид ќе има уште еден Македонец во своите редови, а се работи за фудбалерот Доријан Бабунски. Тој е дел од младинската Академија на најтрофејниот европски клуб, a има само 16 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика