| четврток, 6 декември 2018 |

До 2025 роботите ќе извршуваат повеќе од работите наместо луѓето

Најдоцна до 2025 година, роботите ќе извршуваат 52 проценти од постоечките работи, речиси двојно повеќе од денес, објави денеска Светскиот економски форум (СЕФ).

Истражувањето е засновано на анкета во која биле вклучени директори за персонал и други високо рангирани лидери на голем број компании од целиот свет, со глобален удел на БДП од 70 проценти.

Според нивната проценка, „машините до 2025 година ќе извршуваат повеќе од половина од постојните задачи на работното место, а денес се 29 проценти”, се вели во извештајот на СЕФ „Иднината на работните места 2018″, објавен денеска.

Паралелно, луѓето би можеле да добијат „нови улоги”, кои ќе бараат преквалификација за да продолжат со „сеизмички промени” во работата со машините и компјутерските програми, проценуваат СЕФ.

Брзи промени на машините и алгоритмите, компјутерски процеси насочени кон решавање проблеми, може да креираат 133 милиони нови улоги кои ќе заменат 75 милиони изгледно згаснати во распон од денес до 2022 година, рпедвидуваат во ВЕФ

Седиштето на таа организација е во близина на Женева и е позната како организатор на економскиот форум во Давос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top