| четврток, 6 декември 2018 |

Кристи од Филипини со претставата „Убавицата и ѕверот“пред кичевската и публиката во Македонски Брод

Мо­јот жи­вот е во Ма­ке­дон­ски Брод, вака започна успешната приказна на Кри­сти Реј­чел Маг­но – Трај­ко­ски од Филипини која го запозна својот сопруг работејки на брод и стана македонска снаа. Во првиот разговор за „Република“, Кристи ни откри дека веќе го владее македонскиот јазик, раскажа де­ка иа­ко не ѝ би­ло лес­но да се на­у­чи, жел­ба­та да знае да го збо­ру­ва би­ла го­ле­ма. Кри­сти рас­ка­жу­ва и за тоа де­ка лес­но се прис­по­со­би­ла на жи­во­тот ов­де, би­деј­ќи до­би­ва го­ле­ма по­чит од фа­ми­ли­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја, но и од пријателите. Затоа денес, жената од Филипини со леснотија за нејзините сограѓани од Македонски брод подготви претстава со најмладите, децата, претставата „Убавицата и ѕверот“.

Претставата веќе е промовирана во два града во Македонски Брод на 27 јуни и во градот Кичево на 12 септември.

– Дојдов до идеја да работам на претстава со талентирани деца од Македонски Брод и да се претставиме пред публика. Од страна на децата имаше голем интерес и почнавме да работиме. Во „Убавицата и ѕверот“ учествуваат 34 деца, претставата е комбинација на англиска музика, танцување и драма. Истата трае еден час. Со поддршка од родителите, успеавме на 27 јуни да ја имаме и премиерата на нашето дело во нашиот град. Имавме голема посетеност, добивме и позитивни коментари од публиката и среќни лица кај учесниците, изјави за „Република“ Кристи.

Сепак желбата за промовирање на „Убавицата и ѕверот“ не завршува со преставувањето во матичниот град, како што објаснува Кристи, децата се тие кои бараат да глумат и пред друга публика, па екипата на неуморната Филипинка го продолжува својот пат во Кичево.

– Бидејки „Убавицата и ѕверот“ беше успешна во Македонски Брод кај децата постоеше интерес да се претстават и пред друга публика, па одлучивме тоа да го направиме во Кичево. На 12 септември на наше големо задоволство кичевската публика имаше можност да ужива во нашата претстава, а ние да бидеме горди на тоа што сме го понудиле.

Но Кристи и нејзината млада актерска екипа не застануваат тука, тие како што вели таа се надеваат дека ќе имаат можност „Убавицата и ѕверот“ да ја промовираат и во друг поголем град, мотив за и понатаму уште поуспешно да продолжат да работат.

Мо­јот жи­вот е во Ма­ке­дон­ски Брод, ми­рен град со чист воз­дух и со до­бри лу­ѓе

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top