| четврток, 6 декември 2018 |

„Медиасет“: Модриќ го напушта Реал Мадрид во јануари

Повеќе од еден месец името на хрватскиот фудбалер, Лука Модриќ летово се поврзуваше со Интер, за на крајот тој сепак да остане во Мадрид. Сепак, италијанските медиуми не сметаат дека приказната е завршена и тврдат дека од јануари ќе го гледаме Модриќ во друг дрес.

Интер и понатаму е заинтересиран за засилување на составот, а името на Хрватот е првото на листата на потенцијални трансфери. Раководството на италијанскиот клуб преговара постојано со Реал Мадрид и се очекува до јануари да биде постигнат договор за продажба на Лука Модриќ, пишува италијански „Медиасет“.

Како пто јавува споменатиот медиуум, Модриќ разговарал со неговите колеги од репрезентацијата Иван Перишиќ, Марсело Брозовиќ и Шиме Врсаљко околу можниот трансфер во Интер, и ги уверил дека веќе по следниот преоден рок ќе стане нивен соиграч.

Интер ја започна сезоната лошо и вчера продолжи со очајните резултати, откако беше поразен од Парма со резултат 0-1. Според челниците на Интер, Модриќ би требало да ја стабилизира средината на составот и да биде главниот играч во составот од Милано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top