| четврток, 6 декември 2018 |

Со убедлива победа на „Гудисон“, Вест Хем стигна до првите бодови сезонава

Екипата на Вест Хем денеска конечно и стави крај на катастрофалната серија од почетокот на сезоната во англиската Премиер лига. „Чеканите“ тргнаа со четири порази во четири дуели, но излегоа од летаргијата на гостувањето кај Евертон каде го совладаа на гости својот ривал со 1-3.

Новиот играч на тимот од Лондон, Андриј Јармоленко се истакна со два прекрасни гола пред паузата, а веднаш пред крајот на полувремето, Гилфи Сигурдсон го намали резултатот на 1-2. Во средината на вториот дел Марко Арнаутовиќ стави крај на неизвесноста со третиот гол за Вест Хем.

Во првиот дуел за денот, повратникот во елитата Вулверхемптон забележа минимална победа од 1-0 над Барнли, a единствениот гол беше дело на Раул Хименез во вториот дел од натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top