| четврток, 6 декември 2018 |

Добиле благослов од Далај Лама: Ричард Гир на 69 години го чека своето второ дете

Американскиот актер, Ричард Гир по вторпат ќе стане татко. 69-годишниот Гир и неговата 35-годишна сопруга Алехандра Силва го очекуваат своето прво заедничко дете.

Веста за бременоста ја објави Силва, заедно со фотографија со Далај Лама за која таа напиша.

– Многу специјален момент се случи пред само неколку минути. Добивме благослови за нашето скапоцено кое е на пат. Не можевме да објавиме за бременоста пред да му кажеме на Далај Лама, напишала таа.

Гир се смета за тибетски будист и е активен поддржувач на Далај Лама, а тој и Алехандра се заедно од 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top