
Учесниците на белградската Парада на гордоста под слоганот „Кажи ДА“, денеска прошетаа на главните улици на Белград и околу 15 часот пристигна во Студентскиот парк. Прошетката помина мирно и ја обезбедуваа помал број полицајци отколку во претходните години.

Учесниците ги предводеше премиерката Ана Брнабиќ, а во Парадата учествуваше министерот за труд Зоран Ѓорѓевиќ и министерот за државна администрација Бранко Ружиќ. Присутни беа амбасадорите на САД Кајл Скот, на Франција Фредерик Мондолони, на Норвешка Арне Сане Бјорнстад, шефот на делегацијата на ЕУ во Србија Сем Фабрици.
За време на прошетката граѓаните од некои тераси фрлаа конфети, а учесниците носеа балони со бои на виножитото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


