Зоран Заев и неговата владина свита се луѓето кои немаат никаков проблем да зборуваат колку го почитуваат минатото додека мртви ладни на дело формираат комисија која ќе ни ја ревидира историјата, како обврска која тие си ја преземале во име на сите нас, иако никој не им го дал тоа право. И уште поважно, спроведуваат одредба од договор што Заев и Димитров сами си го потпишаа и најважно од се – спроведуваат одредба од договор кој воопшто не е стапен на сила! Само за да им се допаднат на Ципрас и Коѕијас.
-Кога ќе ги прашаат, изговорот им е дека историјата мора да се потчини на политиката, како влог во подобро утре. Некако ми се чини дека ова подобро утре. Некако ми се чини дека ова подобро утре на Заев и СДСМ бара премногу влогови. Затоа што не им е првпат. Прво ни го вложија името со привремената референца, па го вложија државното знаме, па дојде на ред новататериторијалната поделба, па сега од нас бараат да вложиме се што ни преостана и на што недвојбено полагаме суверено право: македонскиот устав, македонскиот идентитет, македонското име, нашите сонародници во соседните држави…. Влогот е се поголем и поголем, а тоа нивно подобро утре никако да дојде! Брутална лага, дрскост и ароганција, порача Мицкоски од протсниот марш во Штип.
Но, изгледа дека не е до големината на влогот и жртвата која постојано и постојано СДСМ бара да ја направиме, туку е до неспособноста на луѓето кои ја водат оваа партија, а во моментов, за жал, ја водат и нашата татковина рече Мицкоски и додаде дека тоа не го чуди, зашто со СДСМ на власт никогаш не било поинаку.
-Единствено што ме чуди, морам да бидам искрен, е одлучноста со која по не знам кој пат СДСМ ита кон бездната и не повикува сите нас на скок во неа заедно со нив. Тоа нема да им го дозволиме. Имаме право на борба до последен здив!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст