| четврток, 6 декември 2018 |

ТВ1 политички објективна колку што е објективен Сашо Ордановски

На дебата на ТВ 1 во петокот во емисијата на водителот Сашо Ордановски се говореше за случаите на СЈО со посебен акцент на предметот „Тенк“ за набавката блиндираното возило од кое новата власт нема излезено и во кое се прима секој позначаен гостин во Македонија.

Телевизијата 1 веќе се профилираше како класичен сервис на власта на СДСМ, која треба да одработува за се што власта и СДСМ прави а не треба да го прави, и се што не прави а треба да прави.

Таму како водители се поканија да влезат најистурените играчи на СДСМ, меѓу кои еден од поистакнатите е Сашо Ордановски, кој доби своја емисија, која практично како и целата телевизија е пропаганда на СДСМ, и оцрнување, омаловажување и напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.
Бидејќи станува збор за новинари со децениско искуство, пропагдата е исфилувана, пософистицирана отколку, на пример, на Саше Политико.

Интересно за оваа телевизија е што се говори дека сопственик на телевизијата е познатиот поранешен трансвестит, денес ребрендиран во хумантирано момче Боки 13, но никој во државата не го отвора прашањето, или се плаши да го отвори, од каде му се парите на Боки 13 за толкав проект.
Никој не отвора дебата или истрага за потеклото на парите на Боки 13, кој од 2015-2016 одеднаш стана многу богат, носи најскапа брендирана облека, парчиња облека кои чинат по неколку илјади евра, дава хуманитарна и друга парична помош, и отвори телевизија со огромни трошоци во милиони евра.

Ако другите медиуми се плашат, еве овој текст ОЈО може да го смета за јавно допрен глас, па да го испита потеклото на парите на Боки 13, чија заработка во минатото како учесник во разни шоу, а во кој се појавуваше во сукњи, прелици и други женски алишта, сигурно не надминувало 15-20 илјади евра годишно пресметувано најоптимистички.

Инаку Сашо Ордановски си смислил многу едноставна емисија во која поканил двајца гости чии став за СЈО и за предметот „Тенк“ однапред го знае, па лесно ќе ја одработи вечерта.

Едниот гостин е новинарот и сопственик на порталот „Сведок“ Саше Димовски, за кого се знае дека веќе објави на неговиот портал Сведок дека негово мислење е дека Апелациониот суд ќе ја потврди пресудата на Груевски, со тоа што ќе ја намали за 6 месеци.
Нему како новинар многу му е важно да му се оствари неговата прогноза, бидејќи има изградено репутација на новинар кој ги погодува постапките и пресудите на судиите и дека е добро информира, и дел од неговата додадена вредност како новинар и сопственик на портал е токму тоа. Така што за него е многу важно да излезе по негово за да биде и во иднина неговиот портал читан како досега и повеќе.

Вториот гостин беше советник на СЈО и земаше, а можеби и се уште зема, месечен паричен хонорар за тоа. Тоа е адвокатот Александар Тортевски.
Во минатото тој се профилираше како жесток критичар на ВМРО и Груевски откако не доби никаква понуда од нив. Потоа откако се позиционира како нивни противник, и се стави на иста страна со СДСМ, се амбицираше токму тој да биде специјален обвинител или јавен обвинител, но неуспеа. За утеха стана советник на СЈО за што добива пари. СјО направи долга листа на советници кои ништо друго неработат туку само одат по дебатни емисии во сите медиуми за глумејќи независни експерти да го бранат СЈО. Народот плаќа преку буџетот за овие да ги правдаат и релативизираат грешките, глупостите и политичките нарачки кои СЈО ги исполнува.

За Сашо Ордановски да не говориме многу. Тој е одамна позициониран и има јасно заземена страна на СДСМ и против против ВМРО, а особено против Никола Груевски. Важеше и за косовски лобист.

Тој во секој настап прилично невешто се обидува да одглуми некаква незавиност, неутралност и слично, но тоа е толку невешто правено, и тој толку долго ја работи оваа работа, што никој веќе не го зема за сериозно неговиот обид да одглуми независен, неутрален и непристрасен новинар.

И така, собрани тројцата, секој со различни мотиви дојдоа да изградат атмосфера дека апелациониот суд треба и ќе ја потврди пресудата врз Груевски. Тортевски дури до толку се занесе, а Ордановски тоа го лапна како локум, што индиректно предложи ексраководството на ВМРО кога ги суделе, да ги ставале во кафез во судницата.

Сите тројца со голема леснотија заклучија дека Груевски е виновен, дека „…тоа на М…“ е доволен доказ, и дека апелација ќе ја потврди пресудата за казна затвор, со тоа што Саше Димовски во склад со својот натпис кажа дека очекува казната да биде намалена за 6 месеци.

Сепак никој од нив немаше храброст да ги допре прашањата кои не одат во корист на СЈО, СДСМ и судијката Кацарска.

Еве неколку од нив:

1. Дека „…тоа на М…“ не е доказ туку асоцијација од која може да се извлече максимум само претпоставка, а една судска пресуда не смее да се темели само на асоцијација и претпоставка туку на цврст матерјален доказ, и дека против Груевски нема ниту еден друг доказ дека сторил кривично дело освен оваа асоцијација и претпоставка. Сите сведоци сведочеа во негова полза, а тој нема никакво формални учество во постапката. Всушност обвинението против него е: ,,…влијаел да се набави возилото бидејки сакал и тој да се вози во него…,,. Значи да се возат други, но и тој. И дека со возењето во колата остварил корист, небаре ако не се купила колата, ќе одел пешки до Битола и Струмица.

2. Дека ако МВР сакало да набави токму такво возило можеле по закон да го набават со директна спогодба без тендер, бидејки е возило за безбедносна заштита, и сите такви претходно се набавиле без јавен тендер. Сепак МВР го направило со тендер иако немале обврска за тоа.

3. Дека ни тогаш ни сега државата немала друго такво возило кое ги исполнува безбедносните стандарди, па не случајно сите странски гости и самиот Заев редовно го користат. Значи имало неопходна потреба за негова набавка,

4. Дека вештакот во предметот е без лиценца кога го правел вештачењето, куќата за вештачење е подружница на странска фирма и нема право самата да склучува вакви договори, дека СЈО без тендер спротивно на закон ангажирала вештаци, дека раководител на подружницата е поранешниот потпретседател во владата на СДСМ и нивен градоначалник Димитар Бузлевски кој е политички противник на Груевски и неможе да е непристрасен, а еден од вештаците е Тале Герамитчиоски екс заменик министер за образование од СДСМ и пратеник и партиски функционер, дека дека вештаците направиле споредба само со две други производители,

5. Дека никаде во светот а и во нашиот закон за кривична постапка(ЗКП) незаконски прибавени докази неможат да се користат како докази или од нив да се извлекуваат докази во судска постапка,

6. Дека снимките се копии а не оргинали, а законот е дециден дека копии неможат да бидат докази, освен ако не се споредени со оргиналот, што судот одби да се направи. Како такви се и подложни на манипулации и едитирање.

7. Дека судот и СЈО го игнорираат фактот дека погазен е законот за приватност и дека СДСМ го пречекорил рокот за 30 дена за предавање на снимките на СЈО, што според законот за приватност значи дека овие снимки неможат да се користат во било какви постапки, вклучително и судски,

8. Дека Катица Јанева е член на СДСМ со членска книшка која излезе во медиумите, потпишана од Бранко Црвенковски, и со банкарски трансакции со кои плаќала чланарина на СДСМ и дека јасно е дека таа неможе да е непристрасна, како што и не е,

9. Дека се докажа нема никаква штета за буџетот со набавката на возилото, што го констатира и економскиот вештак на СЈО кој заклучил дека компанијата која го набавила остварила профит кој е во рамките на вообичаениот профит, и дека нема никаков екстра профит. Дека и во самите наводни снимки Груевски ја потсетува Јанкуловска да внимава во правец да извлече што пониска цена, а таа му одговара дека веќе превзела мерки и дека ги добила индикативните цени,

10. Дека случајот за набавката на возилото има и релативна и апсолутна застареност на гонењето, и дека ако судиите ги затворат очите пред сето ова, еден ден кога СДСМ нема да ги штити, не само што ќе бидат разрешени од судии туку и ќе седнат на обвинителна клупа и ќе бидат осудени за незаконско работење.

И уште голем број вакви прашања, ниту Ордановски ги отвори, ниту гостите имаа храброст да ги кажат. Секој од свои причини, но со ист резултат: површно, без ,,спуштање сонда,, , еднострано, необјективно, некритички кон СЈО, поданички кон СДСМ, одмазнички кон ВМРО и Груевски и со леснотија го оправдаа СЈО и пресудата а Груевски го прогласија за виновен и осуден и од апелација.

Тоа е новата телевизија 1.
Наменска и со задача.
Без ниту еден новинар во информативно политичкиот дел кој не е политички не само определен, туку и спремен да се бори за СДСМ по цена да ги погази професионалните стандарди.
А гостите очигледно знаат каде доаѓаат и што треба да зборуваат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top