Полицијата ги најде арамиите кои што минатиот месец од куќа на Бихаќка во Скопје украдоа цел метален сеф со над половина милион евра, пренесе Прес24. Уапсени биле четири лица, но никој не кажувал каде е сефот со парите. Полицијата се надева дека во истрагата ќе успее да дојде бар до дел до пленот кој беше однесен од станот во Скопје
Тешката кражба ја сториле викендот од 21 до 23 јуни, со насилно отворање на балконската врата.
Полицијата соопшти дека во сефот имало 500.000 евра, 50.000 долари, разновиден златен накит и документи.
Полицијата ја потврдила информацијата, но не соопштуваат детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Козата им ги изела парите
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил


