| четврток, 6 декември 2018 |

Со сопругата се договориле да го убијат: Новороденче фрлено во бездна во Мостар

Судот во Мостар му одреди притвор на таткото Мирослав Шимиќ за чедоморство . Тој на 6 септември попладне го запрел автомобилот кај местото Кобиловача во близина на Мостар и во бездната крај патот ја фрлил носилката со новородениот син.

Бебето починало од повредите. 56 – годишниот татко истиот ден ја зел сопругата од болница , која го родила синчето два дена порано.

Двајцата се договориле да го убијат бебето . Медиумите во БиХ не информираат дали е казнета и мајката. Брачната двојка веќе имала три деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top