| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје со Чековски во Белград

Македонскиот претставник во Јадранската кошаркарска лига в недела (19.00) гостува кај Црвена Звезда

Натпреварот в недела во Пионир не создава притисок кај играчите на МЗТ Скопје и во стручниот тим на Алеш Пипан, бидејќи е јасно дека Црвена Звезда е огромен фаворит. Всушност пред утрешното патување, во Аеродром токму во тоа што сите на нив гледаат со потценување, но и во враќањето на Ѓорѓи Чековски по паузата поради повреда на препоните, гледаат шанса за изненадување кое би го насочило МЗТ Скопје кон завршниот турнир од АБА лигата кој ќе се игра во средината на април.

-Патуваме во Белград за мечот против Црвена Звезда без никакoв товар. Црвена Звезда е фаворит, има одлична екипа, добро пополнета на секоја позиција. Би сакал само да одиграме квалитетно и во одбраната и во нападот, и да и парираме на Црвена Звездавели Алеш Пипан пред тргнување за Белград.

Црвена Звезда во октомври го победи МЗТ Скопје во Борис Трајковски со 75-60 и токму тука ја создаде разликата во однос на нашиот клуб. Белграѓани во пресрет на 19 коло се втори со 30 бодови, а скопјани се на делба на четвртото место, со уште пет екипи, со по 28 бода. Средбата во Белград е в недела од 19 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top