| четврток, 6 декември 2018 |

Мигрант два пати во пет месеци добил на Лото и станал милионер

Млад Африканец, кој пред две години се доселил во Канада, неодамна станал мултимилионер откако два псти во пет месеци добил на лото игрите на среќа, „грепки“, и освоил дури 3,5 милиони долари.
„Би сакал да го подобрам англискиот и да научам некој корисен занает како столарскиот’, рекол Мелхиг Мелхиг (28) на претставникот на WCLC-a (Western Canada Lottery Corporation) што ќе прави со толку пари.
По потекло од една западноафриканска земја момчето пред две години со семејството се доселило во Канада.
Во април купил грепка и освоил 1,5 милиони долари а минатиот месец среќата повторно му се насмевнала: овојпат изгребал и’ повеќе – два милиони долари.
Со парите од првата добивка купил куќа во која се вселил со сопругата и децата, а парите од втората добивка ќе ги вложи во иднината и образованието.
Според пресметката на WCLC шансите младиот Африканец да освои џек пот првиот пат изнесувале 1 спрема 900.000, а вториот пат биле и помали – 1 спрема 1,3. милиони.
А колкави се шансите некој да освои џекпот два пати во пет месеци? Немерливи, одговориле од WCLC-a.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top