Емирот од Катар Шеик Тамин бин Хамад ал-Тани му подари луксузен „боинг 747-8“ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објави турската државна телевизија ТРТ. ВИП „боингот 747-8“ пристигна во Истанбул пред неколку дена. Пристигнувањето на скапото возило предизвика критики од заменикот на најголемата турска опозициска партија, Републиканска партија на народот Гамзе Ташчер, кој го спореди авионот од 400 милиони долари, со седум спални и две сали за состаноци со „летечка палата“.
Авионот пристигна набрзо откако зетот на Ердоган и министер за финансии Берат Албајрак објави мерки за штедење кои се однесуваат на огромниот список на возила кои смеат да бидат користени од државни службеници.
„Боингот 747-8“ е дел од флотата со уште 11 државни авиони и 3 хеликоптери. Еден од тие авиони, „ербас А340 ВИП“, преходно беше во сопственост на тунискиот диктатор Зине Ел Абидине Бен Али, а кој Турција го купи за 78 милиони долари во 2016.
Турскиот сајт „Кокпит.аеро“ објави дека катарскиот шеик го подарил авионот во знак на неговата „љубов и доверба во Турција“, откако Ердоган се заинтересирал за авионот, кој беше даден на продажба откако беше донесен во Катар во 2015.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст