| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Преамбулата, членот 3 за границите и членот 49 за дијаспората – секаде ќе стои Република Северна Македонија

Преамбулата на Уставот, членот 3 кој зборува за границите и членот 49 кој се однесува на нашата дијаспора, секаде каде што пишува Република Македонија, ќе се менува во Република Северна Македонија, а секаде каде што е „македонско“ останува „македонско“, објасни премиерот Заев кои делови од македонскиот Устав ќе бидат подложни на менување согласно Договорот со Грција.

На измените ќе работат комисии конституирани од Собранието, а ова е процес кој ќе следи по референдумот, објасни тој.

Заев смета дека уставните промени што би се случиле биле многу логични и дека Заев сакал тие промени да биле јасно кажани и сега но дека со тоа би се влијаело врз граѓаните во пресрет на референдумот.Заев објасни и како би се одвивал процесот од временски аспект.

Во пресрет на изјаснувањето на Уставниот суд закажано за во среда,за уставноста на процесот , Заев со став.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top