| четврток, 6 декември 2018 |

Одмазда за поразот во Ф4: Вардар издвојува голема победа на гостувањето кај Монпелје

Ракометарите на Вардар со голема победа го започнаа настапот во новата сезона во најелитното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Европскиот првак од пред две сезони славеше на гостувањето кај актуелниот европски шампион Монпелје со 27:24.

Најдобар стрелец во вардаровиот тим беше Борозан со осум, а Чупиќ имаше шест, Скубе пет погодоци, додека голманот Милосављев запиша 16 интервенции. Кај Монпелје се истакнаа Кавтичник со шест и Порт со три погодоци.

Следен предизвик за Вардар во ЛШ ќе биде дуелот со шведскиот Кристијанштад на домашен терен. За потсетување, во Фајнл форот минатата сезона во ЛШ, Вардар беше поразен од Монпелје во поулуфиналето, по што во големото финале актуелниот првак го порази Нант и стигна до титулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top