| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски од Пехчево: Ветуваа живот, сега ветуваат иднина, ниту граѓаните живот добија, а со нив ниту иднина ќе дојде (фото галерија)

– Штотуку завршив со средбата на граѓани во Пехчево. Остварив средби со десетици и десетици граѓани и никаде не видов непријатели, иако Заев изјавува и ги дели граѓаните на непријатели и оние кои биле пријатели. Единствениот непријател на државата е токму Зоран Заев кој на маса донесе капитулантски договор со Грција со кој сака да се добие понижена Македонија, со одземен идентитет, име, историја, човек кој остава пустош и сиромаштија, пишува претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил по денешната посета на Пехчево.

– Година и половина се на власт и нема веќе никакво оправдување за немањето на резултати во ниту една сфера и област. Ветуваа живот, сега ветуваат иднина, ниту граѓаните живот добија, ниту иднина ќе дојде, и не е проблемот само во договорот со Грција, проблемот се овие луѓе со кои Македонија губи и доживува порази. На Македонија и требаат победи. Во Македонија не треба ниту камшици за народот, ниту граѓаните се непријатели, потребна е сигурност и зачувување на достоинството, и лидерство осмовано на принципи. Само така ќе одиме напред и Македонија ќе победи!, додава Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top