Зоран Заев и СДСМ го одбија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за прашање на референдумот, затоа што не веруваат во квалитетот на капитулантскиот договор со нашиот јужен сосед. Прашањето се однесуваше исклучително на капитулантскито договор што го потпишаа СДСМ и Зоран Заев со нашиот јужен сосед, потсети попладнево Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето во вестие на Алфа.
Тој рече дека на 30 септември граѓаните одлучуваат за капитулантскиот договор на Заев.
- Бидејќи не веруваат во квалитетот на договорот, не веруваат еден ваков договор којшто би бил претставен пред граѓаните на Република Македонија би добил масовна поддршка и токму поради тоа решија да направат една ваква кованица спротивна на законите, спротивна на Уставот и спротивна на Кодот на добри практики препорачан од Венецијанската комисија. Се обидуваат повторно да ја манипулираат јавноста, да ги заведат граѓаните. Во ек е кампања со измислени пароли кои немаат никаква врска, а се поврзани со референдумот. Го гледаме насмеаното лице на Зоран Заев, го гледаме веселиот поглед на Зоран Заев, којшто прославува, а во суштина би требло да тажи бидејќи кога ќовек прави компромис за нешто што му значело, што му било пренесено од предците, треба да тажи, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


