| четврток, 6 декември 2018 |

Заев е последниот кој треба да им каже на граѓаните дали да прават ајвар на 30 септември или да излезат на референдум

Премиерот Зоран Заев е последниот човек на светот кој треба да им каже на граѓаните дали на 30 септември да прават ајвар или да излезат на гласање, смета првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска беше на средби со граѓаните на Пехчево.

Во вестите на Алфа Мицскоски го повтори ставот на својатаа партија дека нема да им сугерираат на граѓаните што да прават, туку ќе им остават слобода самите да одлучат дали ќе излезат на гласање.

-Од минатото знаеме Заев рекол – Заев порекол, а до 30 септември имаме уште две недели, така што можеме да се изнаслушаме уште многу работи. Зоран Заев е личноста со најмал кредибилитет во нашата држава којашто има право да кажува што ќе прават граѓаните на 30 септември, откако гледаме како година и половина ја пустоши Македонија. Како цунами да поминало низ нашата земја. 

Мицкоски рече дека на средбите со граѓаните во рамките на работното Лето за Македонија се изнаслушал за реалните проблеми со кои се среќаваат граѓаните откако Заев е на чело на Владата.

-Што се однесува на ајварот, вистина е дека откако е на власт во нагорна линија е производството на јавар од фирмите на Заеви. Така што симболиката на Зоран Заев и ајварот че остане само на неговите компании. А на 30 септември да ги оставиме граѓаните по сопствено убедување да постапат онака како што им велат срцето и разумот, рече Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top