| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент во Центар: Двајца скопјани нападнале вработен во Градски паркинг зошто им ставил блокатор на возилото

Вчера во 12.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека на улицата “Дебарца“, општина Центар, пред угостителски објект, С.М. (27) и К.М. (54) физички го нападнале Г.Х. (45)- вработен во Градски паркинг.

До физичкиот напад дошло по претходна расправија во врска со поставена “шепа“ на возило “Пежо 306“ со кое биле двајцата напаѓачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top