Вчера во 19,10 часот е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-село Ново Село кај делницата с.Босилово-с.Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор “ИМТ 533“ со струмички регистерски таблици, управуван од И.Н.(33) од село Робово и патничко моторно возило “фиат уно“ со струмички регистерски таблици, управувано од Ѓ.Т.(55) од Струмица. Возачот Ѓ.Т. и сопатничката од истото возило Н.П.(34) се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот на тракторот се здобил со телесни повреди и укажана им е лекарска помош во Медицинскиот центар во Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Струмица и се работи на целосно расчистување на случајот.
Вчера во 05,30 часот било пријавено дека на регионалниот пат село Банско-село Мокрино се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Сеат Алхамбра“ со струмички регистерски таблици, управувано од Д.Н.(58) од село Мокриево, и трактор “ИМТ 539“ без регистерски таблици, управуван од Т.В.(67) од село Борисово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобила сопатничката од тракторот Л.В.(66) од село Борисово и им била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Струмица и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст