| четврток, 6 декември 2018 |

Пожарникари го спасувале половина час: Непознато е како мажот се нашол во Вардар

Синоќа со помош на Противпожарната екипа од водите на реката Вардар во Скопје е извадено машко лице кое барало помош.

Од Противпожарната единица и полицијата информираат дека машко лице во водите на реката Вардар кај Камениот мост во Скопје барало помош. Интервенцијата траела од 23 и 20 часот до 23 и 55 часот со две возила и шест пожарникари.

Фото: архива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top