| четврток, 6 декември 2018 |

Во најголема тајност: Се зедоа без да кажат никому

Мега популарната канадска поп-ѕвезда Џастин Бибер (24) и внуката на Алек Болдвин, Хејли (21), го кажаа судбоносното „да“ пред судот во Њујорк, пренесува „Пипл“. Двојката се сврши во јули, а како што вели изворот на списанието, тие изненадно во четвртокот одлучиле да стапат во брак.

Пејачот и супермоделот наводно наскоро ќе имаат и голема свабена веселба, на имотот на Бибер во Онтарио. Тогаш ќе се венчаат со свештеник во присуство на многу роднини и пријатели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top