| четврток, 6 декември 2018 |

Лепа Брена: Не знам како ќе го дочекам март

Пејачката не крие дека е многу емотивна кога станува збор за приновата што наскоро ќе пристигне во домот на Живојиновиќ, земајќи предвид дека Александра Пријовиќ и нејзиниот посинок Филип Живојиновиќ очекуваат бебе.

На прашањето на новинарите упатено до популарната пејачка Лепа Брена – кој повеќе се сменил откога дознале дека ќе станат родители: Александра или Филип, пејачката одговори дека Филип е многу поразумен.

  • Филип отсекогаш беше многу разумен и сериозен, а има и доста години. Прв дозна Боба, кој ни се јави на сите и плачевме од среќа. Еве, и сега кога зборувам за тоа ми навираат солзи во очите. Тоа е некоја неконтролирана емоција, јас не знам како ќе го дочекам тој март кога Александра треба да се породи. Тоа е најубавата вест што можевме да ја примиме во овие години, бидејќи сметам дека е логично да добиеме внучиња – изјави Лепа Брена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top