| четврток, 6 декември 2018 |

Овие движења се доказ дека ги надминала и професионалните убијци: Ладнокрвната баба убиец е пример за набљудување!

-Куршумот кој е испукан додека човекот лежи мртов ја отсликува нејзината омраза, додека првиот куршум ја отсликува нејзината решителеност. Да не беа камерите и брзото откривање на убиецот, убиството во Булеварот би било окарактеризирано како дело на професионален убиец, вели за српски Курир, Илија Животиќ, експерт за безбедност, објаснувајќи ја снимката од ликвидација на инвеститорот Зоран Трифуновиќ, на 2 септември.

На видео записот се гледа како Стојанка Стојановиќ (68)ладнокрвно му приоѓа на Трифуновиќ, го испукува првиот, потоа вториот куршум, после што уште еднаш и пука во жртвата во глава. Интересно е дека движењата на бабата убиец се истоветени како на професионалец.

-Внимание треба да се посвети на нејзиното чекорење. Нема застанување, двоумење не се ни назира. Бабата приоаѓа на жртвата, што значи дека немала ниту трошка страв. Тоа се одлики на професионалните убијци. На некого на кој тоа му е рутина. Можно е на нејзината смиреност да влијаеле некои силни лекови. Сме гледале снимки од убиства кои ги извршиле некои платени убијци по Белград. Тврдам декека бабата е посмирена од нив. Никој не пришол толку блиску на жртвата  и не бил толку смирен – подвлекува Животиќ.

-Бабата убиец е пример за проучување – наведува Животиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top