СДСМ се обидува да дебатира за се освен за договорот, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој вечерва дебатираше со вицепремиеркатаРадмила Шекеринска во емисијата 360 на Алсат телевизија. Николоски потенцира дека СДСМ во својата референдумска кампања воопшто не го споменува капитулантскиот договор за промена на името, па ги замајува граѓаните со Европска Македонија, иако всушност се работи за Северна Македонија. Николоски вели дека целиот договор е проблематичен, но притоа напомена три дела, а го потенцираше воведниот со кој Македонија се откажува од сите претходни победи во таканаречената битка за името.
-СДСМ се обидува да дебатира за се освен за договорот. Ние не слушнавме ниту една суштинска дебата по однос на текстот на договорот и јас би сакал да ја искористиме оваа вечер да дискутираме по однос на договорот. Еве можеме да одбереме кој сака член од договорот госпоѓо Шекеринска и да го исдискутираме. Целиот договор е проблематичен има три аспекти. Тоа е воведниот дел и членовите 7 и 8. Со воведниот дел се укинуваат сите претходни работи кои што Македонија како такви претходно ги стекнала во оваа битка за името. Почнувајќи од времената спогодба, пресудата на судот во Хаг кој што јасно кажа дека Грција не смее да го блокирала членството на Македонија во меѓународни организации, вели Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст