На вечерашниот собир во Демир Хисар на коалицијата ЗА европска Македонија не се обрати градоначалникот на општината Марјанче Стојановски.
Праксата од досегашните вакви собири е да се обрати и градоначалникот на општината. ТВ 21 неофицијално дознава дека премиерот Заев намерно го изоставил говорот на градоначалникот по објавеното видео на социјалните мрежи како наводно ги прислушкува вработените во основното училиште.
На ова Марјанче реагираше дека зборовите му се извадени од контекст и дека не е како што изгледа на снимката. Тогаш Стојановски побара и извинување од медиумите.
Како што дознава ТВ21, смената на градоначалникот не е само поради објавената снимка, туку се работело и за поделеност во партијата. Неофицијално дознаваме дека Стојановски се противел на одлуката на општинскиот огранок на СДСМ за промена на директорот во ОУ „Гоце Делчев“ во Демир Хисар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


