Уставниот суд во среда треба да одлучува по иницијативата за оспорување на референдумот поднесена од повеќе субјекти, меѓу кои и политичката партија Левица.
Политичките аналитичари и експертите по уставно право, со спротивставени мислења.
Универзитетската професорка по уставно право од правниот факултет во Скопје Тања Каракамишева смета дека одлуката за распишување на референдумот е незаконска и неуставна.
„Ајде судии, поддршка, донесете времена мерка за запирање на одлуката и поништете ја затоа што е неуставна и незаконска“ – напиша професорката Каракамишева.
Еве сепак се охрабри Уставниот суд! На 19.09 на дневен ред е иницијативата за разгледување на уставноста и законитоста на одлуката за распишување на референдумот!Ајде судии,поддршка, донесете ВРЕМЕНА МЕРКА за запирање на одлуката и поништете ја затоа што е НЕУСТАВНА И НЕЗАКОНСКА! pic.twitter.com/r6UDwlq1XH
— Тања Каракамишева Tanja Karakamisheva (@TKarakamisheva) September 13, 2018
Но политичкиот аналитичар, Александар Пандов има поинакво мислење. Според него, референдумот треба да се одржи за да можат граѓаните да и ја испратат својата порака на власта.
„ Референдумот треба да се одржи и ќе биде многу шверцерски ако сте тргнале вака да бегате од судот на народот! 30.09 ќе биде ден на кој уште со првите извештаи дека во општините излегле по 1-2%, некаде 0, а еве некаде и 3-4% од населението, тоа ќе биде знак за народот дека со зурли и тапани треба да се прослави остатокот на денот.
Нема да треба воопшто ни да чекаме 19 часот. Оставете не да ви покажеме кој е суверен во оваа земја и кој дава и зема власт
“ – напиша Пандов на Facebook.
Референдумот е закажан за 30 септември.
За да биде успешен потребно е на него да гласаат најмалку половина од вкупниот број на запишани избирачи во единствениот избирачки список, и најмалку половина од тие што гласале да бидат „За“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст