По пет години од првото барање, македонското министерството за правда повторно испрати писмо до своите колеги од Косово во кое бара првообвинетите во случајот „Монструм“ кои се товарат дека ги убиле четирите момчиња и рибарот пред шест години кај Смилковското езеро, да бидат вратени во Македонија.
Во писмото, министерката Рената Дескоска гарантира дека двајцата бегалци, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ ќе имаат фер судење независно на која заедница припаѓаат, односно независно што по националност се Албанци, пишува Лидер.мк
„Кривичното дело за кое се обвинети Алил Демири и Африм Исмаиловиќ не е политичко, воено или фискално дело. Слободното изразување на националната припадност, владеењето на право, почитување на општо прифатените норми на меѓународното право се темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија. Сите граѓани пред уставот и законите се еднакви и им е гарантирана заштита на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет“, се вели во писмото.
Како аргументи за Министерството ги наведува извештаите за состојбата со човековите права за 2017 година од Министерството за надворешни работи на САД и извештајот на Европската комисија за Македонија за оваа година.
Во првиот извештај не се констатирани прекршувања на правата на граѓаните пред македонските судови врз национална, расна и етничка припадност, ниту се констатирани било какви проблеми во односите меѓу македонската и албанската етничка заедница. Европската комисија пак навела дека во Македонија воспоставена е севкупна рамка за заштита на малцинствата.
Министерството во писмото ги моли своите колеги согласно Законот за меѓународна соработка во кривичната материја и Догововорт меѓу Владите на Македонија и Косово потпишан во 2012 година, да ги уапсат Демири и Исмаиловиќ и да ги екстрадира во Македонија, каде се води судска постапка против нив.
Ова не е прво барање за екстрадиција, Министерството за правда испратило барање до Косово во 2013 година, една година откако избегаа. Косовските колеги им вратиле одгвоор дури по две години. Основниот суд во Приштина и Апелација не дозволиле двајцата бегалци да бидат екстрадирани.
„Судот има основ да верува дека Алил Демири и Африм Исмаиловиќ може да бидат осудени врз национална основа“, им одговориле тогаш од Косово.
Според кажувањата на братот на Африм, Агим Исмаиловиќ кој исто така е обвинет дека како извршител на петкратното убистви, неговиот брат се наоѓа во Приштина, а најваројатно таму, слободен се шета и Демири.
Двајцата браќа биле постојано во контакт, а косовската полиција ја знаела точната адреса кај што престојува неговиот брат.
Во мај повторно почна судењето за случајот „Монструм“ откако го презеде Специјалното јавно обвинителство и откако Врховниот суд поради повреди на постапката го врати предметот повторно пред кривичниот суд. Досега постапката е речиси идентична со претходното судење според стариот Закон за кривична постапка, но се води потранспарентно. На ова судење јавноста за прв пат присуствуваше на исказ на загрозен сведок и заедно со обвинителите и судиите за прв пат јавноста го виде црвениот автомобил „опел омега“ кој е клучен доказ во постапката. Сепак откако ќе бидат изведени доказите од претходното рочиште се очекува Специјалното јавно обвинителство и одбраната да предложи нови сведоци и да се слушаат „бомбите“, односно прислушуваните разговори што ги има во СЈО за петкратното монструозно убиство.
Обвинетите за убиството кои се во Македонија, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азир, Хаки Азири и Сами Љута по укинувањето на пресудата со која беа осудени на доживотен затвор, се на слобода откако Врховниот суд одлучи да се бранат од слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст