Поради одржување на најавен јавен собир задутре во недела (16.09.) во Скопје, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Утре (15.09.) од 13,30 часот на потегот од улицата „Кирил и Методиј“ пред канцеларијата на Европска Унија ќе се поставува бина при што сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот „Кочо Рацин“ и улиците „11-ти Октомври“, „Даме Груев“ како и други споредни улици .
Задутре (16.09) пак, во времето од 12,30 часот, поради одржување на јавен собир, сообраќајот ќе биде пренасочен, односно забаранет за сообраќај ќе биде потегот од раскрсницата на булеварот “Кочо Рацин“ со улицата „Кирил и Методиј“ (поранешна Мито Хаџи Василев-Јасмин) до раскрсницата на оваа улица со булеварот “Свети Климент Охридски“. По потреба, сообраќајот ке биде пренасочен и на потегот од булеварите “Партизански Одреди“, “Крсте Мисирков“, “Кузман Јосифоски-Питу“ и “Борис Трајковски“.
Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст