| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Џамбазов: Антологиски графит е „Дрога? Не, благодарам!“

Игор Џамбазов, македонскиот шоумен признава дека никогаш во животот не напишал графит, иако е израснат со генерацијата која од графитите направи уметност.

– Тоа е времето кога секое утро по скопските фасади изникнуваше по еден нов, незаборавен графит со силна порака. На пример, најпознатиот на сите времиња секако е – „Бурек, да…“Да не го заборавиме и антологискиот „Дрога? Не, благодарам!“ Па утредента некој одоздола допишал – „Имам“…Убедливо најдобриот графит што сум го видел беше во Белград, во времето кога се распаѓаше комунистичкиот режим во Европа, кој гласеше – „Пролетери од сите земји…извинете…“, вели во интервју за „Женски магазин“ Џамбазов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top