Со кајаци и транспаренти за зачувување на Националниот парк Маврово, денеска пред Владата здруженијата Еко свест и Фронт 21/42 протестираат против изградба на хидроенергетски проекти во заштитени подрачја.
„Зелени зони за сини реки“ е слоганот на иницијативата за зачувување на последните диви реки во Европа.
„На територија на Македонија се планираат над 400-тини хидроенергетски проекти. Половина од нив се предвидени во недопрена природа во најживописните речни долини, на последните реки со слободен тек, кои од секогаш го поддржувале одржливиот развој на локалното население. Хидроенергетските проекти засекогаш го менуваат текот на реките и животот во и околу нив. Без воспоставени зони за заштита на реките хидроенергетските проекти носат ризик од неповратна штета врз природата и човековата благосостојба. Затоа, да го заштитиме највредниот ресурс на човештвото! Бараме итно воспоставување на зони за заштита на реките! Зелени зони за сини реки!“ велат од здруженијата.
Доколку закате да бидете дел од оваа акција, ве повикуваат да ги поддржите со потпишување на петицијата упатена до премиерот Заев.
Фото: Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст