Во драматична завршница синоќа во Приштина нашата сениорска кошаркарска репрезентација со победа над Косово од 73-76 ја отвори втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021. Косоварите им направија сериозни проблеми на избраниците на Јорданчо Давитков кои иако имаа предност скоро во текот на целиот натпревар, противникот предводен од одличниот Дардан Бериша во третата четвртина дури стигна и до водство.
На неколку минути до крајот Македонија имаше комотно водство кое требаше да го одржува до крајот на мечот, но една тројка на Бериша го однесе мечот во драматична завршница во која Косово имаше и напад за израмнување, кој за среќа не го искористија.
За нашите репрезентативци следат два дена одмор, па натпревар против Романија на домашен терен во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст