| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени скапи велосипеди во Дебар Маало – лицата им ги имаме, помогнете да ги фатиме крадците (ФОТО)

Фирмата „Проспорт“ од Скопје бара помош од сите кои можат да помогнат да бидат фатени крадците кои изнеле неколку скапи велосипеди од нивната продавница во Дебар Маало, спроти кафеаната „Тото“.

„Здраво на сите,

Изминатава вечер (среда кон четврток) нашиот продажен салон Проспорт, на ул. “Дебарца” бр.13, за жал беше огрaбен.

При самата кражба низ скршеното стакло од влезната врата се изнесени неколку велосипеди од висока вредност.

Доколку знаете нешто повеќе за случајот, или пак ги имате здогледано во текот на ноќта или можеби ги препознавате луѓето од приложениве слики би Ве замолиле да ни се обратите тука или телефонски на 023212108, за полесно и побрзо да ги најдеме.

Ви благодариме на помошта и поддршката, секоја трага, информација и секое ваше споделување на објавава ќе ни значат навистина во потрагата по разбојнициве.

Со почит,

Тимот на Проспорт
“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top