Поддршка за референдумот но координација и делување пред уставните промени, им сугерираат интелектуалците од Албанија на албанскиот политички фактор во Македонија. Според поранешниот шеф на дипломатијата, Паскал Мило, Албанците треба да формираат платформа со барања за нивната позиција со која ќе ги условат уставните промени за името. Меѓутоа, тој бара во оваа фаза, прашањето да не се гледа ниту од национален титу од политички план.
-Прашањето не треба да се дискутира ниту да се смета за тесен национален план, едноставно просто национален, ниту пак тесен политички план, но ова е моментот за да се рефлектира и да се гледа пошироко дека референдумот и настаните кои ќе дојдат после референдумот со интегрирањето на земјата во НАТО и во Европската Унија, ги надминуваат тесните интереси на партиите и тесните интереси на една мнозинска заедница како што се Македонците во Македонија, изјави Паскал Мило, поранешен министер за Надворешни работи на Албанија.
Меѓу првите услви, според поранешниот албански заменик министер за Надворешни работи, Едит Харџи, треба да биде Законот за јазици.
-Албанскиот фактор во Македонија, дури и политичкиот и грачанскиот албански фактор да застанат многу силно до идејата, двете уставни измени, како таа за името исто така и таа за официјализирање на албанскиот јазик треба да се случи наеднаш и во исто време. Ако ова не се случи и се остави за после референдумот и по уставните промени за името, тогаш се плашам дека ова ќе остани незвршено, потвррди Едит Харџи, поранешен заменик министер за Надворешни работи на Албанија.
Професорот Африм Красниќи, од Институтот за политички студии рече дека гласот “за“, моментално е во интерес на албанскиот фактор но нивната позиција во оваа држава сеуште не е регулирана.
-Целиот овој апел ја има својата важност, но по референдумот, позиццијата на Албанците во Македонија се решава со западот, има една јасна атланска перспектива, но не е решена во суштината на проблемите што ги има Охридскиот договор и бројни други меѓународни обврски на Македонија . Веќе е време нашите елити таму да размислат за она што е погрешно направено за да се најде некаква агенда за да се регулираат многу од работите што можеле да се направат – рече Африм Красниќи, од Институт за политички студии во Албанија.
Академикот Беќир Мета оценува дека паралелно со планираните уставни промени, земјата мора да помине во Федерална Република.
-Барем Албанците требаше да вложат напори оваа Република Северна Македонија да биде именувана како Федерална Република Северна Македонија, треба да се бори за ова во ова време. Ако ова не се постигне сега, се разбира овој предлог треба да остане во актите на понатамошни разговори со цел во понатамошниот процес да се продолжи со овој напор. Бидејќи ако го земаме фактот дека на Балканот нема промени во границите, бидејќи оваа држава ќе биде постојана и стабилна, тогаш барем таа држава да функционира на федерална основа и според европските добри модели – рече академик Беќир Мета.
Речиси сите интелектуалци учесници во панел дискусијата во Тирана сметаат дека официјалната Тирана била речиси безгласна ололу референдумскиот процес во Македонија, а особено за улогата на албанскиот фактор и албанскиот идентитет таму.
Конференцијата насловена како “Референдумот и албанскиот идентитет во Македонија” беше организирана од Центарот за меѓународни односи и балкански студии во Тирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст