Од СДСМ денеска реагираа на обвинувањата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој на прес-конференција објави инсерт од видео на кој се гледа како премиерот повикува сопственици на компании и бизнисмени да ветуваат или даруваат подарок за работниците, во замена за глас на референдумот.
Оттаму велат дека Заев е премиер посветен на градењето социјална држава и поради тоа се грижи за стандардот на работниците.
– Поддршката за домашните претпријатија од страна на државата е силен поттик за менаџерите на компаниите да ги покачат платите на работниците. Само мотивирани работници може да ја креираат економијата, да бидат нејзин двигател. Само така можеме да обезбедиме квалитетен живот, достоинствени работни места, пристојни плати и пензии, напредна и просперитетна Македонија, се наведува во партиското соопштение на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст