| четврток, 6 декември 2018 |

Стоилковски: Заев ги повика граѓаните за 6 илјади денари да ги продадат државата и идентитетот (видео)

Зоран Заев ја одреди цената за која граѓаните треба да се откажат од националниот идентитет, односно отворено порача колку чини откажувањето од историјата, традицијата и културата, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што рече тој, Заев на отворена сцена, среде митинг, повикал сопственици на компании и бизнисмени да ветуваат или даруваат подарок или друга материјална корист за избирачко право.

– Заев побара од бизнисмените да им даруваат пари и материјална корист на вработените, а од друга страна, кон работниците настапи со барање и очекување за 6 илјади денари да ја продадат државата и идентитетот. Ова е скандал без преседан! Чист криминал за кој во секоја правна држава се оди директно во затвор! Ваква монструозност, вакво отворено бесрамно признание, поттикнување и заплашување за изборни цели, е незапаметено во Република Македонија. Колку и да е клиентелистички и под притисок македонскиот правен систем, за ова мора да има кривична одговорност, истакна портпарот на ВМРО – ДПМНЕ, Наум Стоилковски и додаде дека признанието на Заев е потврда на кривично дело што во правниот систем на Република Македонија е опфатено во најмалку четири закони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top