| четврток, 6 декември 2018 |

На паркинг и во станица: Скопјанец нападнал двајца полицајци во иста вечер

Ноќеска околу 02 часот по полноќ, полициски службеник од Полициската станица Гази Баба физички бил нападнат од лицето Ф.А. (31) од Скопје.

Додека полицискиот службеник се движел кон своето возило кое било паркирано на паркинг простор на улица „Лазар Поп Трајков“, бил пресретнат и физички нападнат од Ф.А.. Напаѓачот бил совладан и приведен.

При приведувањето во полициска станица, Ф.А. во еден момент се оттргнал и физички го нападнал и дежурниот полициски службеник. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top