Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа издаде извршна наредба со која што се одобруваат санкции против странците кои што се мешале во американските избори во 2016-та година.
Според зборовите на американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, извршната наредба на претседателот Трамп не се однесува само на мешањето во кампањската инфраструктура, туку и на ширењето на дезинформации и пропаганда, пренесува новинската агенција „АП“.
„Сметаме дека е важно да покажеме дека претседателот ја има превземено командата над овој проблем за кој што е длабоко загрижен, а интегритетот на нашите избори и уставните процеси за него се од најголемо значење“, изјави Џон Болтон.
Donald Trump signed an executive order creating new sanctions for people and companies found to be interfering in U.S. elections — though it's unlikely to satisfy demands for mandatory punishment of adversaries like Russia.https://t.co/7B10yPMf2B
— POLITICO (@politico) September 12, 2018
Русија е главен осомничен за мешањето во американските избори кои што се одржуваа во ноември 2016-та година. Американските власти тврдат дека преку разни инструменти руски платеници и хакери влијаеле над гласачите и му помогнале на Доналд Трамп да ги добие изборите.
Додека во ФБИ и натаму трае истрагата, од американските разузнавачки агенции после истражувањето, потврдија дека зад мешањето во американските избори стои Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст