Премиерот Зоран Заев не ја прифати поканата за ТВ дуел упатена од лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Заев, иако себеси се нарекува промотор на дебатата, сепак не се охрабри да се соочи со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој изговор за не соочување најде во барањето Мицкоски јавно да каже дека е против бојкот.
Познато е дека премиерот низ неговите излагања се колнеше во дебати и демократско владеење, а сега бега да даде конкрети одговори пред лидерот на ВМРО – ДПМНЕ за договорот за името.
Зоран Заев кој сега ја одбива понудата за дебата, во 2016 година ги повикуваше новинарите да отвораат иницијативи за дебата на највисоко ниво.
-Дај да ги споредиме фактите и аргументите, дај народот нека цени преку тоа. Апелирам до медиумите да повикуваат на дебати и дуели помеѓу власта и опозицијата, велеше во 2016 година сегашниот премиер Заев, кој за самиот себе велеше дека е човек кој се бори за демократија и дека е демократ, но истиот тој Заев сега беа од основното средство во демократијата, а тоа е дебатата.
Заев во екот на неговата политичка кампања пред да стане премиер, знаеше да каже дека не болат дебатите и дека не е болно соочувањто со политичкиот опонент.
Денеска сликата е поинкава, според експертите, Заев не прифаќа ТВ Дуел, бидејки многу ветуваше, а не исполни ништо.
Да потсетиме, по состанок на Централниот комитет на најголемата опозициска партија, Мицкоски го повика премиерот на медиумско соочување посочувајќи дека сега е време да се разговара за теми кои се од највисок национален интерес.
Премиерот Зоран Заев, вчера по средбата со косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека ја отфрла понудата за тв дуел.
По изјавата на премиерот, преку социјалните мрежи Мицкоски порача – стравот и изговорот се типични за човек што се однесува недостоинствено кон сопствениот народ плашејќи се да се соочи со вистината, а вистината е национално понижување, колективен грабеж, лаги и безидејност. „На крајот од дуелот ќе му кажам на Заев што мислам за бојкотот, но тој прво треба да се охрабри и да прифати дебата, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст